
Во малиот градски парк во Струмица во присуство на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, и градоначалникот Зоран Заев синоќа во предвечерието на неговиот роденден беше откриен споменикот на починатата фолк-ѕвезда Гоце Арнаудов, дело на скулпторот Митко Тошев.

Пред присутните љубители на песната на Гоце Арнаудов спомени за соработката со него евоцираа текстописците Ѓорѓи Барбаровски и Огнен Неделковски, композиторите Ванчо Тарабунов и Миле Барбаровски, а членовите на струмичката естрада ги исполнија рефрените од неговите хитови.

Градоначалникот Зоран Заев обраќајќи се пред присутните истакна дека Гоце Арнаудов во својот животен век испишал многу успешни страници во музичката историја на Струмица и Македонија.
– Гоце пеееше од срце. Сѐ што испеа стана хит, а народот неговото пеење го чувствуваше како свое. На Гоце не му е потребен споменик, тој ни е потребен нам, како сведоштво за почит која ја имаме кон човекот кој ја прослави Струмица надалеку – рече Заев.

Од името на семејството Арнаудови благодарност до граѓаните на Струмица и Македонија упати ќерката на Гоце, Хариета Арнаудова.
фото: Струмица денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


