Тетовските пожарникари јавно го изразија револтот поради кратењето на примањата по неколку месечните обиди за преговори со општината откако во јануари за сите вработени во локалната самоуправа беа намалени личните доходи.
Службата не ја прекина работата согласно законските одредби и одговараше на повиците, а дел од пожарникарите одржаа состанок со претставници на синдикатот и побараа прием од градоначалничката. Тие се револтирани бидејќи со кратењето добиваат плати кои не во согласност со нивната ризична работа и различните дежурства.
– Се работи за 4 до 5 илјади денари кои се скратени. Ние реагиравме уште во јануари но оттогаш нема промена. Не се земени во предвид за нашите плати ставките како ризик на работа, ноќни дежурства како и дежурање за викенди и празници, изјави Шефает Емини, претставник на пожарникарите.
Од општина Тетово информираа дека во јануари платите на сите вработени во рамки на локалната самоуправа се намалени по неколкуте укажувања на државен завод за ревизија откако претходно било утврдено дека им се исплаќаат плати над законските дозволените износи што било направено од претходното раководство. Според општина Тетово намалувањето на платите било во рамки на законските одредби за сите, со цел финансиска стабилизација и превработеност. Иако се намалува трошењето на општината во сите сегменти од канцеларијата за односи со јавност потенцираа дека со пожарникарите можно е да се преговара за надминување на револтот.
Просечно пожарникарите сега земаат по 16 или 17 илјади денари плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје


