| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Благодарение на армијата, мирот и безбедноста се наше секојдневие

ivanov ohrid

– Пред илјада години од „Самоиловата тврдина“ беше симнато знамето на слободата, со тоа зпаочна милениум исполнет со непокор и борба за слобода, векови исполнети со херојски обиди одново да се подигне бајракот и да се достигне слободата – , изјави претседателот на Република Македонија и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов на свеченоста по повод Денот на АРМ во Охрид.

– Слободата и незавинсота не ни се подарени, за нив се изборија илинденците и асномците, кои оставија завет но и достојни продолжувачи на нивното дело,  а тоа сте вие припаднците на АРМ – рече Иванов.

Претседателот Иванов истакна дека армијата постои за да ја чува нашата слобода, територијален интегритет и суверенитет, за нашите најмили да не се плашат од војната, да имаат безгрижно детство, да го чува македонскиот модел на соживот, постои за македонското стопанство да се развива и да напредува.

Пред присутните нагласи дека Македонија останува посветена на остварување на стратегиската цел – полноправно членство во НАТО.

– Партнерството и пријателството се најсилни меѓу рамноправните. Република Македонија е рамноправна со должностите и одговорностите. Но, бараме да ни се овозможи да бидеме рамноправни и според правата и привилегиите, за посилно НАТО, за побезбеден свет – додаде Иванов.

– Живееме, работиме, твориме се надградуваме и напредуваме благодарение на храбрите синови и ќерки во униформи што ни го чуваат мирот и ни ја гарантираат безбедноста – рече пред присутните  претседателот на Република Македонија и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top