| четврток, 6 декември 2018 |

Геровски: Замислував поинаков исход, но за тоа треба поцврст СДСМ

Бранко Геровски кој во своите текстови со години ги брани политиките на СДСМ, изненаден од фактот што Црвенковски попушти по сите свои ставови. По гласните најави за бојкот, носењето на членови на улица и насилното однесување, Бранко Црвенковски вчера попушти по сите прашања. Ниту ќе ги бојкотира локалните избори, ниту ќе го бојкотира Собранието. Геровски коментира дека нема доволна цврстина на луѓето во СДСМ.

-Јас, почитувани читатели, како и многумина од вас, замислував еден поинаков исход на оваа криза. За таков исход, беше неопходно поголемо единство и цврстина на луѓето од СДСМ. Но, сега немам намера да се обесхрабрувам, уште помалку да се повлекувам во дефетистички пози. Напротив. Не вложив седум години од мојот живот во беспоштедна критика на оваа власт, згора на тоа и уште два пати по седум години пред тоа, критикувајќи ги сите претходни влади, за сега, во ова време-невреме, беневолентно да објавам дека се пензионирам, да го земам рибарскиот стап и да заборавам на сѐ. Тоа би значело да објавам дека мојата борба за слобода е промашена инвестиција – пишува Геровски во својата колумна.

„Бетонот на СДСМ распука“. Со овој наслов на насловната страница, викенд изданието на Фокус ја коментира актуелната политичка состојба.

Разочараност кај оние кои најмногу ги бранеа неговите политики. Откако Црвенковски демонстрираше бојкот и отпор, се откажа од сето она на што си го тераше членството минативе месеци. Сега, се соочува со критиките од оние кои му помагаа во промоција на политиките кои ги водеше единствено за лична корист.

fokus-500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top