| четврток, 6 декември 2018 |

Комбинацијата од црвено и бело грозје го намалува обемот на струкот

грозје

Комбинацијата на различни сорти грозје ја зголемува антиоксидантната заштита и  го стимулира разградувањето на мастите во областа околу стомакот, покажува новото истражување на научниците  од Мичиген.

Секој знае дека одржувањето на нормална тежина е исклучително тешко. Во почетокот на топлите сезона жените сакаат да се ослободат од мастите таму каде што е потребно. Најпроблематичен  е пределот околу стомакот.

Многубројни студии го покажуваат корисниот антиоксидантен ефект на флавоноидите, содржани во грозјето.

Тие го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести преку стимулирање на циркулацијата, спречувајќи го згрутчувањето на крвта и намалувајќи го лошиот холестерол.

Најздравите ефекти на грозјето го намалуваат ризикот од развој на метаболичен синдром, што од своја страна ги спречува срцевите заболувања, мозочен удар и дијабетес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top