| четврток, 6 декември 2018 |

Жена го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа

Педесет и шестгодишната Ленче Ц. од Кочани им подлегнала на повредите кои ги здобила во тешка сообраќајка која се случила во наделата вечерта на патот од селото Тркање кон селото Бање, Кочанско.

policija_soobrakajka

До несреќата дошло при судир на „Голф“ кој го управувал 29-годишниот Д.Н. од кочанско Соколарци и „Шевролет Спарк“ управуван од Т.Ц. (58) од Кочани.

Со тешки повреди во несреќата се здобиле четири лица кои биле во „Спаркот“, Т.Ц., Ленче, 30-годишната Н.К. од Виница и нејзиниот две годишен син.

Тешко повредените биле пренесени во Клиниките во Скопје, а вчера на повредите им подлегнала Ленче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top