Реал Мадрид се израмни со лутиот ривал Барселона според вкупниот број на трофеи, а двата гиганти од Шпанија сега имаат по 78 пехари во витрините.
Со триумфот во Кардиф, вчера, во меч од европскиот Суперкуп, Реал ја стаса Барса, па ситуацијата е интересна, нерешено 78-78. Богати колекции, големи клубови, огромна традиција, што постојано ја презентираат двата клуба.
Вчера со победата од 2-0 против Севилја, екипа што е актуелен освојувач на Европа Лигата, а загуби од европскиот првак Реал Мадрид, „кралскиот“ клуб се потсети на првиот трофеј освоен пред точно 99 години. Во 1905 година на 18 април клубот од Мадрид го освои националниот шпански куп со победа од 1-0 во финалето против Атлетик Билбао.
Догодина ќе се слави еден век од првиот трофеј на Реал Мадрид, а колку ќе треба за да се стаса до јубилејниот стоти трофеј во витрините на „кралевите“ ќе покаже времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


