| четврток, 6 декември 2018 |

Пензиониран учител на необичен начин ги усреќува децата со книги

biblioteka

Еден пензиониран италијански учител одлучил на необичен начин и пред сѐ корисен начин да ги помине пензионерските денови.

По 42 години учителска работа Антонио Ла Кава едноставно не можел да ја напушти својата професија. Во 2003 година купил мотоцикл на три тркала кој го модификувал за да превезува книги до учениците во одалечените италијански села.

biblioteka1

Во својата подвижна библиотека која има 1.200книги секојдневно поминува преку 500 километри во јужната италијанска покраина Басиликата.

Со звукот на сирената тој го најавува доаѓањето во селото, па потоа околу „библиомотоциклот“ се собираат деца со различна возраст.

biblioteka2

– Школскиот систем ме научи дека постојат и други начини децата да ги заскаат книгите. Интересирањето за читање се стекнува од мали нозе и тоа не смее да биде технична работа, туку мора да биде пропратено со голема љубов. Читањето треба да биде задоволство, не обврска – вели Ла Кава.

Тој ова се разбира го работи бесплатно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top