Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави денеска Алијансата ќе преземе неопходни мерки да ја заштити својата членка Турција, ако таа биде загрозена од исламистичките борци во Ирак и Сирија.
– Ние сме многу загрижени од дејствијата на т.н. Исламска држава, која е банда терористи, и е многу важно да се запре нејзиното напредување – рече Расмусен.
Генералниот секретар истакна дека ако некој од сојузниците на НАТО, во случајот Турција, биде загрозена на каков било начин, Алијансата нема да се поколеба да ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди ефикасна одбрана на Турција и на секој нејзин сојузник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО



