
Аспиринот и витамините – Сите што редовно користат аспирин мора да знаат дека сѐ додека го користат аспиринот, витаминот Ц полесно ќе се губи низ урината. Додека користите аспирин, витаминот Ц мора постојано да го надоместувате.

Синтетички витамини наспроти исхрана – Никогаш немојте да помислувате дека со внесувањето пилули со витамини ќе ги замените оние витамини кои мора да ги внесете со исхраната. Без разлика дали земате суплементи со витамини или не, мора да консумирате храна богата со овошје и зеленчук бидејќи, во спротивно, можете да го доведете здравјето во голем ризик.

Ресорпција на витамините – Морате да знаете дека синтетичките витамини се ресорбираат многу побрзо од оние кои се со природно потекло.

Корисност и предозирање – Без разлика на тоа што витамините се корисни за вашето здравје, никако не смеете да се предозирате. Ако внесувате големи количини витамин Ц, на пример, можете да предизвикате дијареа, додека предозирањето со суплементи на база на железо можат да му наштетат на црниот дроб, срцето и мусклите, особено за мажите.

Б 12 за вегетаријанци – Б12 мора да го користите како суплемент доколку сте вегетаријанци. Иако можете да прочитате дека Б12 го има во некои растителни намирници, тој тип витамин Б12 човековиот организам не може да го користи.
Како и да е, никогаш не заборавајте суплементите и синтетичките витамини никогаш не можат да ги заменат природните…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


