| четврток, 6 декември 2018 |

Нови правила за специјализирана медицинска рехабилитација

ФЗО 3
Од први септември стапуваат во сила новите правила за специјализирана медицинска рехабилитација, кои се направени согласно современите теркови во медицината и светските искуства.

Новите права се однесуваат за 4 групи на осигуреници.

-Децата до 18 години со онколошки заболувања, еднаш годишно до 15 дена ќе можат да одат на медицинска рехабилитација, по завршена онколошка терапија и во фаза на ремисија до 5 години од влезот во ремисијата. Заболените од мултиплекс склероза, за прв пат, еднаш годишно до 21 ден ќе може да одат на медицинска рехабилитација. Осигурениците со ревматоиден артрит, исто тка се овозможува право за прв пат да одат на медицинска рехабилитација до 21 ден еднаш годишно. И за лицата со хемофилија го воведуваме за прв пат ова право, еднаш годишно до 15 дена на медицинска рехабилитација. Она што е големо олеснување за овие осигуреници кои што за прв пат ќе можат да добијат ваков вид на здравствена услуга е што истата ќе можат да ја остварат само со конзилијарен преглед на клиника, без потреба претходно да бидат хоспитализирани – истакна Маја Парнаџиева- Змејкова, директор на ФЗОМ.

Ова е уште еден проект кој Фондот го реализира од новата владина програма, со цел да да се биде поблиску до потребите на осигурениците.

-Во овој правилник за рехабилитација, по барање на докторите, за прва пат воведуваме и контраиндикации за специјализирана медицинска рехабилитација, односно, за кои болести и во која состојба лицето не може да оди на специјализирана медицинска рехабилитација поради можни компликации. Во соопштението набројуваме 11 контраиндикации, а некои од нив се акутна инфективна болест, патолошка бременост, сенилна деменција, нестабилна ангина пекторис, неконтролирани аритмии на срцето, флеготромбоза на длабоки вени на нозе и така натаму, зачи компликации кои дополнително ќе го загрозат здравјето на нашето осигуреници доколку одат на медицинска рехабилитација – додаде Парнаџиева- Змејкова.

Досега специјализирана медицинска рехабилитација користеа 2.000 лица, а со новините, бројот на осигуреници се зголемува на 2.500.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top