
Облекувајте се според обликот на своето тело
Знаеме дека линиите го нагласуваат тој дел од телото што не сакаме да биде нагласен и дека прошируваат, но тоа може да го искористите понекогаш. Ако немате големи гради, облечете маица со хоризонтални линии. Ако сакате да додадете малку волумен на рамниот задник, облечете здолниште со линии. Исто така, вертикалните линии може да ви го продолжат телото и привидно да направат да изгледате послабо. Тоа значи дека фустан или панталони со ваков дезен можат многу добро да ви послужат.
Колку што линиите се пошироки, визуелно, на прв поглед ќе изгледате пошироко. Колку што се потесни линиите, окото потешко ќе се фокусира само на една линија. Тоа значи дека вакви хоризонтални линии се препорачливи бидејќи ќе ве издолжат и ќе ве направат послаби.


Комбинација со линии во различни бои
Решете се за комбинирање линии во различна боја. Линиите не мора да бидат двобојни, моментно многу се модерни линии во повеќе различни бои, без разлика дали станува збор за маица, здолниште или за фустан.
Ако не сте сигурни дека линиите се вистинско решение за вас, обидете се да ги носите како моден додаток – балетанки, чанта, ремен или марама. Така ќе го носите најпопуларниот дезен ова лето и, секако, ќе бидете во тренд.

Внимавајте на рамнотежата
Кон линиите однесувајте се како и кон секој друг дезен – тие се тука за да ја нагласат модната комбинација, а не да преовладуваат. Ако имате маица или блуза со линии, комбинирајте ги со панталони или со здолниште во една боја. Ако сте се решиле за фустан со линии, другиот дел од комбинацијата нека биде неутрален. Комбинирањето на дезените не е сосема исклучено, но зависи од дезените. На пример, може да се комбинираат линии и точки (одлична е комбинацијата блуза со точки и здолниште со линии црно-бела боја, линиите се крупни, а точките ситни).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


