| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарот Оден ја нокаутирал поранешната девојка

Кошаркарот Грег Оден е уапсен во Лоренс, Индијана, под обвинение дека нанел телесна повреда на жена. Оден ја удрил неговата поранешна девојка, со која биле заедно две години, а раскинале пред два месеци.

На девојката првично и било страв да соработува, но потоа раскажала што се случило. Во три и пол по полноќ полицијата добила повик за вознемирување од соседството.

Полицајците разговарале со Оден надвор од куќата, а кога влегле внатре ја видела девојката легната со крваво и потечено лице. Кошаркарот ја прифатил одговорноста за инцидентот и признал дека ја удрил.

Работите излегоа од контрола и јас тргнав по жртвата. Моите роднини и сведоци се обидоа да ме задржат, но како што замавнав да ги оттргнам, ја удрив во лице. Знам дека згрешив и знам што треба следно да се случи”, изјавил Оден.

Тој беше прв пик на драфтот во 2007 година, избран од Портланд Трејлблејзерс пред Кевин Дурент. Но, не ги оправда очекувањата, зашто мораше да оди на операција на лигаменти на коленото.

Центарот висок 213 сантиметри минатата сезона се врати во Мајами, првпат по сезоната 2009/2010 и забележа просек од 2,9 поени, 2,3 скока и 9,2 минути по натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top