| четврток, 6 декември 2018 |

Деветгодишно дете преживеало борба со огромен алигатор

os-alligator-bites-boy-lake-toho-20140807

Деветогодишниот Џејмс Барди Џуниор од Флорида, кој бил нападнат од алигатор во езеро во близина на Орландо, успеал да му се спротивстави и да му избега на опасниот предатор.

Како што пренесуваат американските медиуми, Барди и неговото другарче се возеле со велосипеди кога одлучиле да се искапат во езерото Тохопекалига.

Штом почнал да плива Џејмс почуствувал силна болка на грбот и набрзо сфатил дека е каснат од алигатор.

-Ја почуствував неговата челуст, неговите заби, ја раскажа ова храбро момче својата стравична средба со три метри долгиот и 200 килограми тешкиот алигатор.

„Бев престрашен. Не знаев што да правам. Но имав доволно сила да му ја отворам челуста, да избегам и да испливам до брегот, изјави тојод својот болнички кревет каде во моментов заздравува.

Опасниот предатор Џејмс го каснал три пати и му оставил околу 30 лузни од заби и канџи по грбот, стомакот и нозете.

Лекарите во една од раните на детето пронашле и еден заб на алигаторот што Џејмс има намера да го сочува како „сувенир“ од својата страшна авантура.

-Тоа е многу голем заб. Ќе го закачам на синџирче за сите мои другари да можат да го видат, реќе детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top