
Македонскиот актер Мето Јовановски беше претседател на жирито на филмскиот фестивал во Херцег Нови каде победи филмот “Споменик на Мајкл Џексон”, со Тони Михајловски во една од поважните улоги. Јовановски ги оценувал филмовите заедно со Слободан Шнајдер и Бранко Балетиќ, а на филмот од Дарко Лунгулов едногласно му ја доделиле “Златна мимоза” истакнувајќи го “храброто и поетско соочување со суровата транзициска реалност”. “Споменик на Мајкл Џексон” е српско-хрватско-германско-македонска копродукција, а поддржан е и од Агенција за филм на Македонија. Светската премиера ја имаше на престижниот фестивал во Карлови Вари.
Златна мимоза за режија доби Никола Вукчевиќ за “Децата од улицата Маркс и Енгелс”, за машка улога Јанко Поповиќ (“Вис а Вис”) а за женска – Јасна Ѓуриќ во српскиот “Варвари”, уште еден филм од регионот што периодов го привлекува светското внимание.
За Мето Јовановски на интернет страницата на фестивалот пишува дека овој врвен уметник е добитник на најзначајните актерски награди во регионот, а филмската публика го памети по сјајните ролји кои ги остварил во филмовите “Стршен”, “Пред дождот”, “Нечиста крв”, “Среќна нова 49”, “За сега без добар наслов”, “Куќа покрај пругата”, “Секс – партиски непријател број 1”, “Доротеј”…
На овој фестивал за придонес кон седмата уметност беше награден Абдулах Сидран, уметникот што оваа година во Македонија го доби Книжевниот жезол на ДПМ.
Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се воведува државна награда за унапредување на човековите права „Мето Јовановски“
-
„Последните камбани“ на филмскиот фестивал во Монтреал
-
Доделена првата награда „Театропис“ за претставата „Животот е магичен круг“ на Мето Јовановски
-
Премиерно прикажан филмот „Последните камбани“ со Мето Јовановски во главна улога


