| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден доби дозвола да остане во Русија уште три години

Руските имиграциски власти ја продолжија за уште три години дозволата за престој во Русија на американскиот бегалец Едвард Сноуден, соопшти неговиот руски адвокат.

Moskva-Edvard-Snouden

Според изјавата на адвокатот Анатолиј Кучерена, новата,тригодишна дозвола за престој му овозможува на Сноуден слободно да се движи низ Русија, како и да патува во странство.

Досегашната едногодишна дозвола за престој во Русија истече на 31 јули. Сноуден побарал продолжување на дозволата откако неговите пријатели во странство не успеаја да најдат земја каде што тој би можел да отпатува и да се насели.

Рускиот адвокат Кучерена тврди дека Сноуден во Русија престојува врз основа на привремената дозвола за престој, а не како политички азилант. Во мај минатата година Сноуден побегна од САД во Хонгконг откако претходно ги обелодени строго чуваните тајни на американската Агенција за национална безбедност (НСА) за тоа дека се надгледваат телефонските и интернет комуникации на луѓето.

Во САД тој е обвинет за „грабеж на државен имот“ како и за откривање доверливи државни информации, но во левичарско-либерланите кругови во Европа тој е прогласен за „херој“ и за „заштитиник за човековите права и слободи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top