| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов супермесечина и метеорски дожд

poln-mesec

Викендов ќе се појави феноменот „супермесечина“ што се случува на секои 13 месеци и 18 дена. Полната месечина почнува в недела, а в сабота ќе биде 30 отсто посветла и 14 отсто поголема од вообичаено.

Изминатата година имаше три супермесечини.

Месечината изгледа поголема од вообичаено во овој период поради илузија. Таа се појавува кога месечината се наоѓа блиску до хоризонтот. Кога месечината се наоѓа меѓу дрвјата, зградите и другите објекти на површината, изгледа поголема за човековиот мозок.

Освен супермесечината, викендов нè очекува и метеорски дожд. Според НАСА, овој е еден од најдобрите за набљудување. Астрономите што сакаат да го набљудуваат метеорскиот дожд треба да отидат подалеку од урбаните светла в сабота и да уживаат во вечерта на метеорски дожд и на супермесечина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top