Македонските репрезентативци Адис Јаховиќ и Крсте Велкоски одиграа одлично во реваншот од третото квалификациско коло за настап во Лигата на Европа, а Риека и Сараево одат понатаму.
Јаховиќ постигна хет-трик во новата победа за хрватскиот клуб, а Риека на „Кантрида“ славеше со 4-0 над Викингур од Фарски Острови и со вкупен резултат од 9-1 се пласира во финалната рунда пред настап во фазата по групи во ЛЕ.
За новото засилување на Риека, тоа беше четврти гол во двата европски настапи, а Јаховиќ и во првиот меч ја погоди мрежата на „рибарите“ и имаше една асистенција.
Нов подвиг и повторно на гости направи Сараево, чијшто член е македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски. Клубот од БиХ, како и во претходната рунда, отпатува на гости со неповолен резултат, но пак победи со идентични 3-1 и мина понатаму. Против грчки Атромитос, Сараево загуби дома со 1-2, победи во регуларниот дел од реваншот со ист резултат, а во продолжението од 2 по 15 минути постигна уште еден гол за реприза на сценариото од претходната рунда, кога на ист начин го елиминира и норвешки Хаугесунд. Велкоски ги одигра сите 120 минути во реваншот.
Добар настап имаше и Александар Трајковски со две асистенции за Зулте Варегем, но Белгијците испаднаа од Шахтар Солигорск со вкупен резултат 7-4.
Нова шанса за настап во ЛЕ ќе чекаат Николче Новески со Мајнц по елиминацијата од Астерас, потоа и Мартин Богатинов со кипарски Ермис, Ферхан Хасани со Брондби и Мирко Ивановски, кој игра за Клуж.
Ждрепката за последната квалификациска рунда ќе се одржи денеска напладне во Нион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


