
Комората на извршители донесе одлука да се приклучи на владината акција за еднократен отпис на долговите на најсиромашните граѓани. Претседателот на Комората на извршители, Зоран Петрески, вели дека на овој начин и тие ќе придонесат за подобрување на статусот на најранливите категории граѓани во државата, објави Економски.мк.
– Извршителите се откажуваат од наградата и од трошоците направени во постапката на извршување. Очекуваме дека на овој начин ќе придонесме за подобрување на животниот стандард на граѓаните – изјави Петрески.
Претходно, одлука за приклучување кон владината акција донесоа и Комерцијална и Тутунска банка, а акцијата ќе ја поддржи и ЕВН Македонија.
Министерството за финансии распиша оглас на кој треба да се пријават сите правни лица кои имаат побарувања од сиромашните граѓани, кој е отворен до 11 август
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓаните немаат мир: Извршителите блокирале сметки и пред Божиќ, оставаат и деца без основни приходи
-
Извршителите хараат – половина фирми и илјадници граѓани блокирани!
-
Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови, наместо за ветените плати се троши на луксуз
-
Поради долгови ја запленуваат куќата на починатиот Ѓоша!


