| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Тијана: Тоа не е човек, тоа е животно

Oва што ни се случи и што го доживеавме е една ненадоместива загува и се надевам дека ќе биди последна во земјата и последна во оваа наша Суботица, изјави за новинарите таткото на убиената Тијана денеска пред нивната семејна куќа.

Игор Јуриќ низ солзи вели дека семејството oвие 13 дена поминало низ вистински пекол.

Не зневме каде ни е детето, не спиевме, бевме под притисок. Оваа загуба што ја преживеавме се надевам дека е последна на земјава и дека никој друг нема да доживее ваква болка – вели тој.

Игор за убиецот на своето дете вели дека не знае како да го окарактеризира тој монструм.

Не знам каков човек си ако имаш 120 килограми и се изживуваш врз дете што има само 15 години и 47 килограми. Тоа не е човек, тоа е животно – вели таткото.

За потсетување, 34-годишниот Драган, кој работи како месар брутално ја убил, па закопал Тијана, а потоа не покажал ни трошка каење. Сега е приведен и ќе одговара за делото што го направил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top