| четврток, 6 декември 2018 |

Како на брз начин да се ослободите од главоболката?

глава

Според истражувањето на Светската здравствена организација, 47 отсто од возрасните во светот доживеале главоболка минатата година.

Главоболката може да биде предизвикана од различни работи, лошо држење, силен стрес, внесување на кафе или алкохол, проблеми со спиење и исхрана…

Повеќето луѓе проблемите со главоболката ги решаваат со апчиња, меѓутоа тоа понекогаш не е доволно.

Обидете се да ги направите овие техники со кои сигурно ќе ја намалите главоболката или целосно ќе ја отстраните.

1. Легнете

Еден од најдобрите начини за намалување на главоболката е да легнете во тивка, темна просторија. Многу главоболки се предизвикани од зголеменото ниво на стрес. Опуштањето на напнатите мускули може да ја намали тензијата на главоболката. Светлото и одредените звуци може да ја зголемат, па затоа добро би било да спречите ваков вид на стимулации со тоа што ќе ги затворите очите и ќе се обидете неколку минути да одморите.

2. Дишете длабоко

Техниката на длабоко дишење помага во опуштањето и отпуштањето на стрес од вашето тело со што се намалува интезитетот и зачестеноста на главоболката.

3. Масажа

Масирањето на вратот, грбот и главата (слепочницата) може да биде од голема помош во спречувањето на болката. Едно истражување покажа дека испитаниците кои неделно оделе на 6 масажи имале подобар квалитет на сон и помалку главоболки.

4. Истегнување

Тензиите во мускулите се честа причина за болка во главата, а истегнувањето ќе ви помогне да ја намалите оваа болка. Најдобро е да го истегнете вратот полека, напред – назад и лево – десно.

5. Вежбање

Иако на оние кои патат од главоболка може да им звучи смешно, одењето во теретана или прошетката може да бидат ефикасен начин за отстранување на болката. Според едно истражување, луѓето кои пателе од главоболка, учествувале во програма во која 12 месеци возеле велосипед. После тоа, бројот и интензитетот на главоболките бил дупло помал.

6. Ароматерапија

Мирисот на лаванда, пеперминт и босилек може да ви помогнат доколку имате главоболка. Овие мириси работат на тој начин што ги опуштаат мускулите, го подобруваат протокот на крвта низ телото и ги отвораат синусите кои помагаат во намалувањето на тензијата во главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top