Маж се удавил во Бања Ковиљача во Србија, во поплавите предизвикани од циклонот „Бранко“, јави Радио телевизија Србија. Човекот се удавил во подрумот на својата куќа, обидувајќи се да спаси што може.
-Тој се обиде да излезе, но од силината на водата падна и ја удри главата од греда. Повредата ја видовме дури кога пожарникарите го изнесоа од подрумот. Тие дојдоа со своите пумпи и ја извлекоа водата од подрумот, а Мишо го пронајдоа на котелот за греење – потресно раскажува сопругата Љубинка.
Надојдената вода носела се пред себе, а на фотографиите се гледа како настрадале автомобилите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




