| четврток, 6 декември 2018 |

Бангладеш: Се удавија 120 луѓе во несреќа на траект

banglades

Најмногу 120 луѓе се удавија во несреќа на траект во Бангладеш, соопштија властите. Несреќата се случила вчера додека имало невреме, на околу 30 километри јужно од престолнината Дака.

Траектот бил пренатрпан со луѓе, што е една од причините за чести несреќи од овој вид во Бангладеш, покрај лошото одржување.

Траектот што потонал имал капацитет од 85 луѓе, а на него се наоѓале околу 200 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top