
Во Прилеп ќе почне реализацијата на проектот за конзервација на куќата на Жеревци, лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ 130, која е во рамки на проектот за обнова на објекти со автентична староградска архитектура.
Куќата на Жеревци, која е изградена околу 1900 година и во која сѐ уште живеат потомците на тогашните сопственици, претставува одличен пример за влијанијата од европската градителска естетика на овие простори. На објектот сѐ уште е зачувана оригиналната фасада, како и богатата архитектонска декорација, карактеристична за периодот на изградбата.
Во текот на реализацијата на проектот за конзервација на овој објект стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп ќе извршат и целосна замена на потпокривната конструкција и покривот на куќата чие пропаѓање и протекување влијаело и на фасадните ѕидови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


