Од општината апелираат граѓаните да ги шетаат своите домашни миленици со заштитна маска и да носат со себе ќеси за да го собираат изметот што нивните миленици го оставаат зад себе на јавни површини.
– Во спротивно, комуналните служби на општината заедно со службите на полициската станица „Аеродром“ ќе изрекуваат соодветни казни во согласност со Законот за прекршоците на јавен ред и мир, член 29, според кој кучињата мора да носат заштитна маска – велат од општината.
Според овој член, граѓаните „кои без заштитни средства (маска и слично) без надзор и невнимателно држат кучиња и други опасни животни што можат друг да престрашат или да повредат, ќе им се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност“.
Исто така, според Законот за јавна чистота, член 33, се изрекува глоба на физичко лице што „остава фекални остатоци на домашно милениче надвор од садовите за отпад“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Внимавајте каде се движите, скопската полиција денеска овде казнува несовесни пешаци (ФОТО)
-
Скопјани се жалат: Во Скопје има 8.000 бездомни кучиња, а летово бројката се зголеми за 700



