Персоналот на еден познат белградски рибен ресторан направил пред неколку дена погрешен потег – на премиерот Александар Вучиќ за послужената вечера наместо фискална сметка му донеле „предсметка“ која не се внесува во системот и која не се користи при пресметување данок на додадена вредност (ДДВ), пишува српски Курир.
– По завршениот оброк, премиерот ја побарал сметката, а персоналот наместо фискална сметка му издал обична пресметка. Двете сметки слично изгледаат, само што на едната пишува предсметка, а разликата е голема. Со обичните пресметки рестораните и останатите деловни објекти го избегнуваат плаќањето на данокот. Кога тоа го видел, премиерот бурно реагирал и предупредил дека за вакви пропусти следува затворање на ресторанот – рекол извор за „Курир“.
Со ова вработените во ресторанот се обиделе да ја „оштетат“ државната каса и да затајат данок пред самиот претседател на Владата, кој укажува на тоа дека неиздавањето фискални сметки е најголем проблем во борбата против нелегалната трговија и сивата економија.
– Нашиот најголем проблем. Јас не можам никому, па ниту на членовите на сопственото семејство да им објаснам дека треба да бараат фискална сметка. И дека кога некој не ви ја издава, тоа значи дека краде од вас, од вашите училишта, од вашето дете – рекол Вучиќ во јуни.
Нејасно е како и покрај ваквите изјави, вработените во ресторанот се осмелиле токму пред очите на премиерот да ја оштетат државната каса
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста



