Топлината и спарнината му штетат на мирниот сон. Заради целоноќни „вртења” често се будиме ненаспани, нервозни и раздразливи. За да го поправите квалитетот на сонот прочитајте ги овие сонови кои можете да ги испробате уште вечерва.
– Пијте доволно течности. Водата е одлична за ладење, како однадвор така и одвнатре. Туширање пред спиење ќе ви помогне да се оладите и подготвите за спиење.
– Покрај креветот секогаш имајте чаша вода, во случај навечер да се разбудите од жед.
– За подобра циркулација на воздухот, пред спиење вклучете вентилатор и секако отворете ги прозорците да се проветри.
– Спијте во тенка памучна ноќница.
– Покривајте се со тенко памучно платно кое ќе спречи прегревање за време на ноќта.
– Ако спиете со отворен прозор заштитете се од комарци. На прозорите ставете мрежа, за инсектите да не ви го нарушат сонот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



