| четврток, 6 декември 2018 |

Џез-концерт на ФМУ

1vijay-iyer-trio-2

На Факултетот за музичка уметност во Скопје денеска во 13 часот ќе се одржи џез-концерт, јавен настап на студенти кој се случува како резултат на одржаната џез-работилница. Од 25 февруари со студентите работеа Анѓелко Ступар – удирачки инструменти и Матјаш Гајер – пијано од Грац, Австрија, а работилницата, главно, беше наменета за студентите од студиската програма за популарни жанри, но и за сите останати заинтересирани студенти.

Анѓелко Ступар е роден во Зрењанин. Ги завршил студиите на Универзитетот за уметности во Грац, каде што живее и работи како активен професионален музичар.

Пијанистот Матјаш Гајер, пак, почнал да учи џез уште на 10-годишна возраст, под влијание на музиката на Кит Џерет, Брад Мелдау, Винтон Кели, Џон Колтрејн и Мајкл Брекер. Настапувал во различни формации низ Унгарија, Велика Британија, Франција, Хрватска, Чешка и Австрија. Тој активно се занимава и со педагогија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top