| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши првата фаза од „Топол културен бран“

ministerstvo-za-kultura-640x320

Со настапот на Сузана Спасовска во општина Градско и џез-концертот на групата „Летечки пекинезери“ во Богданци заврши првата етапа од традиционалната културна манифестација „Топол културен бран”, која со поддршка на Министерството за култура се одржува веќе седум години.

Во изминатите десет дена, во рамките на манифестацијата се одржаа повеќе театарски претстави, проекции на филмови, изложби, концерти на познати естрадни ѕвезди од забавната и од народната музика, промоции и повеќе содржини наменети за најмладата популација. Втората етапа од оваа значајна културна манифестација ќе почне на 20 август и ќе трае сè до 31 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top