| четврток, 6 декември 2018 |

Изгласан новиот состав на Лустрациска, Аџиев повторно претседател

Собранието на Република Македонија денеска, со 82 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан го изгласа новиот состав на Комисијата за верификација на фактите.

лустрациска-9-520x245

Претседател на Комисијата за верификација на фактите повторно е Томе Аџиев, а негов заменик Асан Љума. Членови се Новица Велјаноски, доктор на правно-историски науки, Вецко Здравески, магистрант по политички науки од Кичево, Предраг Димитровски, дипломиран новинар од Скопје, Игор Лазаровски, дипломиран шумарски инженер од Скопје, Сашко Јанев, секретар на општина Неготино и магистрант по историја, Даут Даути, новинар од Скопје, Шпенди Винца, дипломиран социолог од Струга, Ристана Лалчевска, дипломиран правник, како и Линко Бејзаровски, политоколог од Пласница.

На дневен ред на денешното продолжение на 11. седница се и дополнетиот предлог- закон за прекршоците во второ читање, како и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за внатрешни работи, за основно образование, за средно образование, за високо образование, за социјална заштита, за рибарство и аквакултура, сите по скратена постапка.

Пред пратениците е и предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top