| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец протеран од Хрватска зашто удирал фока

Против педесет и шестгодишен македонски илегалец во Хрватска вчера е поднесена кривична пријава од страна на полицијата во Пула поради вознемирување и тепање средоземна мечка, загрозен вид фока заштитена со закон.

Имено, вчера околу 15.30 часот Македонецот бил во посета на посебна плажа со едукативен дел за забрана за вознемирување на строго заштитените животни, особено фоките.

Од големиот број посетители, се издвоил Македонецот . Тој преминал преку лентите за забрана за движење, се доближил до една фока и почнал да ја удира. Неколку пати ја удрил во грбот и таа избегала од плажата во морето.

На местото на настанот веднаш пристигнала полиција која утврдила дека македонскиот државјанин го прекршил Законот за заштита на природата. Судот му изрекол казна од 1500 куни, која Македонецот ја платил на лице место.

Полицијата утврдила дека овој човек незаконски престојува во Хрватска, бил уапсен и протеран од Хрватска со забрана од пет години да се врати назад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top