| четврток, 6 декември 2018 |

Циклонот Лука ја погоди и Хрватска

По Италија и Словенија, циклонот Лука вчера ја зафати и Хрватска, посебно северната половина од Јадранско Море, како и западните делови од внатрешноста на земјата.

cikloni

Првиот дожд падна вчера попладне во северниот дел на Јадранско Море, за подоцна невремето да ги зафати и западните и централните делови на внатрешноста на земјата.

Подоцна дожд со грмежи ја зафати и Славонија и северните делови на континетална Хрватска и северниот дел на Далмација.

Невремето предизвика проблеми и во Загреб, каде се регистрирани повеќе интервенции на пожарникарите и на комуналната служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top