| четврток, 6 декември 2018 |

Во Крушево: концерти, дегустации, презентации

Krusevo_201451521506

Утре, 27 јули ќе се одржи настанот „Откриј го Крушево“кој ќе се случува на неколку локации во градот, со идеја да се промовираат природните убавини, културното богатство и можностите за авантури во Крушево и околината.

Во текот на целиот ден, ќе се одржуваат настани, концерти, дегустации и презентации на неколку познати локации: Мечкин Камен, плоштадот „Никола Мартиноски“, куќата на фамилијата Ѓорчевски и бачилата, кои ќе бидат отворени посебно за овој настан.

Гостите ќе можат да учествуваат и во наградно извлекување и да добијат вредни награди, како тандем-летови со параглајдер, викенд престојувања и вечери во Крушево. На целата територија на Крушево ќе се случуваат културни, кулинарски и авантуристички настани. На Мечкин Камен ќе настапат групите Суперхикс и Љубојна.

Организатори на настанот се Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, Општина Крушево и Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, како дел од поширока иницијатива за развивање на активниот туризам во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top