
Со два концерта, вечерва се затвора културното лето „Три круши 2014“ на општина Кисела Вода, кое во изминатиот месец се одвиваше на истоимената локација.
Во 20 часот и 30 минути концерт ќе одржи Миле Кузмановски со неговите тамбураши, а веднаш по него настапуваат КУД Китка од Драчево и нивните гости, пензионерите-фолклористи, членови на општинскиот Црвен крст Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


