Дали некогаш Ви се случило е да влезете во супермаркет за да купите 2-3 производи, а да излезете со полна кеса?
Еве некои од трикови, со кои се служат супермаркетите да не задржат повеќе време и да не почуствуваме дека сме купиле толку работи, кои можеби и не ни се потребни.
1. Изгледот
Супермаркетите се наредени така што не тераат да купуваме токму она што тие сакаат. Кај повеќето од нив првото нешто што можеме да го видиме уште на влезот, се овошјето и зеленчукот, а потоа доаѓа ред и на топлите лепчиња и колачите. Ако си гладен, нема како да ги избегнеш, нели?
2. Полиците
Тие се распоредени така што да можеме да поминеме низ што е можно повеќе, за да достигнеме до саканиот производ – исто како глувци во лавиринт. И ние го правиме тоа. Шетаме по супермаркетите од еден до друг крај.
3. Позицијата на производите
Ова исто е тактика од страна на големите синџири на супермаркети. Покрај тоа што ја прередуваат и преместуваат стоката од време на време, за да можат дури и редовните посетители да ја бараат, а на тој начин тие барајќи едно купуваат и други работи во меѓувреме. Според истражувањата, најдобро се купува она што е лоцирано на нивото на очите. Ако погледнеме нагоре – таму обично се најздравите производи, а најдолу се најевтини.
4. Млеко, леб и јајца
Повеќето луѓе во посета на прехранбените синџири, имаат потреба од леб, јајца или млеко. А тие се присутни на различни краеви на продавницата. На овој начин ќе мора да прошетаат низ супермаркетот и евентуално ќе додадеме уште нешто во количката.
Неколку корисни совети:
Влегувајте во супермаркет со претходно изготвен список. Следете го! Купувајте само со полн стомак. Докажано е дека луѓето купуваат повеќе, кога се гладни. Избегнувајте лансери. Ако рацете ви се полни, каде ќе го ставите следниот производ кој сакате?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


