
Две авионски несреќи денеска. Едната со авионот на алжирската авиокомпанија, втората во Тајван во која загинаа 48 лица, а десет се повредени. Се урна двомоторен авион на компанијата Транс-Азија Ервејс при неуспешен обид за итно слетување, во близина на аеродромот Магонг на островот Пенг-ху. Според тајванските медиуми, со авионот патувале вкупно 58 лица, 54 патници и 4 членови на екипажот.
Медиумите пренесуваат информации за хаотични сцени на локацијата каде се урнал авионот при што спасувачките служби и пожарникарите се обидуваат да им помогнат на потешко повредените лица. Засега нема официјална потврда што го предизвикало урнувањето на авионот, иако Тајван денеска беше зафатен и со силни ветришта и поројни дождови од тајфунот Матмо, што доведе до откажување на голем број летови. Забраната за полетување сепак била повлечена околу 17 часот и 30 минути по локално време а набргу потоа полетал и авионот на Транс-Азија Ервејс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


