Покрај тоа што овошјето дејствува освежително и богато е со витамини, има и лековити својства, така што во народната медицина го сметаат за чувар на здравјето. Може да дејствува како диуретик, ослободува од натрупаните отрови, служи како превентива против канцерогените заболувања. Едни од најдобрите чувари на здравјето меѓу овошјето се кајсијата, праската и лубеницата.
Превентивно дејствува против воспалителните процеси во цревата и го чува срцето. Таа е едно од овошјата што е исклучително богата со бетакаротин кој се транформира во витамин А и штити од дегенеративните заболувања, но и од канцерогените и кардиоваскуларните заболувања. Зрелите кајсии се богати со танин кој ги спречува воспаленијата, а им се препорачуваат и на луѓето кои имаат проблеми со варењето и чувствителен стомак.
Праска

Како и другите овошја со жолто-портокалова боја, богата е со бетакаротин, а со самото тоа и со провитамин А со антиоксидантно дејство. Ги чува видот, кожата, косата и слузокожата од оштетувања и инфекции. Има способност да ги јакне ѕидовите на крвните садови и капиларите, ја забрзува микроциркулацијата, па на тој начин праската е заштитник на кардиоваскуларниот систем.
Лубеница

Таа е незаменлив диуретик, па им се препорачува на луѓето кои имаат камен или песок во бубрезите, зголемен крвен притисок и поголема концентрација на киселина во урината. Ја намалува концентрацијата на лошиот холестерол во крвта и штити од некои видови рак – на грлото на матката, простатата, белите дробови, дојките и на дигестивниот тракт. Розовата или црвената боја на месото од лубеницата потекнува од пигментот ликопен, супстанца што има силно антиоксидативно дејство. Лубеницата се препорачува и во диетите поради ниската калорична вредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



