| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо убил разбојник

ловечко окоЖител на кратовското село Којково со ловечка пушка во својата куќа застрелал двајца напаѓачи од кои едниот починал на самото место, а другиот е ранет.

Според првичните информации, двајцата разбојници синоќа насилно влегле во куќата и цела ноќ ги малтретирале сопственикот и неговата сопруга која била неподвижна. Сопругот, сепак, успеал да се ослободи, по што ја земал ловечката пушка и ги застрелал двајцата напаѓачи.

Полицијата потврди дека едно лице е починато. Во тек е увид, а деталите ќе бидат соопштени подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top