
Пак некој ли ги предаде? Кутрите тие. Нормално, и тоа некој на кој што многу му дале. Како не му е срам! Сега ништо друго не им преостанува освен, да се „самозадоволуваат во круг“, да си ја полнат душата и устата со пелин онака секташки,v клукајќи по „предавникот“. Овој пат, како што тие велат, е Мирослав Шиповиќ, и тоа оној, еден од оние кој што беше во првите борбени редови, претседател на најградската општина – Центар, и се разбира победничката – таму каде што СДСМ традиционално победувал?!
Но, кој е моментот? Што наведува човекот како причина за ваквиот потег? За тој невиден „скандал“-одлуката да делува
според сопствената совест ?! Па совеста е забранета со партиски декрет, нели? Тој, онака скромно, меѓу заби, како со
клешти да му ги влечат зборовите,исповеда дека се изненадил од односот на луѓето за кои што многу сторил. Хм, господине Шиповиќ, во СДСМ ништо ново! Тие за своите луѓе, се грижат како за ланскиот снег. Познавајќи ги, претпоставувам, дека никој не повел сметка за него додека е во притвор, и за неговото семејство. Како што им е својствено, не ги интересира во какви материјални потешкотии паднало семејството, како сето се преживува…Битно е нив оџачето да
им чурка, а максимум што можат да дадат, во ваква ситуација, што би рекле во „задолжителен пакет“, му го пуштаат оној
адвокат „мистер 10-ка“. Велат кого тој брани, добивал од десет години затвор па нагоре! Секогаш кога некој ќе биде
притворен, главниот „дар“ од партијата, вообичаено е, да биде адвокатската помош, за подобро да ги дозакопа!
Најчесто, кога притворените ќе се освестат, по првичниот шок, го менуваат адвокатот, ама потоа ја менуваат и страната,
како што можеме да видиме.
Што се однесува до градоначалникот,пак, тој очигледно повеќе се секирал за слабата игра на Бразил, и тоа онака одблизу,
директно на континетот светол, наместо да си се посвети на меѓучовечките односи на луѓето кои што имаат мака. Со толку
дигната глава, кога човек многу гледа во облаци, очигледно, гази се пред себе. Ама патем, си ги гази и оние кои што му
требаат…
Тешко ли е да се одгатне зошто луѓето (членовите) толку лесно се откажуваат и го „предаваат“ СДСМ? Ги “предаде” Вучко, и еден советник од ЛДП во Центар во 2009. Ги “предаде” Стевче 2011. Ги “предава” Буралиева, Солза Грчева, Роза Топузовска, а сега велат и Шиповиќ. Се поставува прашањето: Кој кого предава? Да не е обратно? Што е во прашање? Веројатно, нема доволно човечност во партиското битисување и уште многу нешто друго. Или, ако сакате онака Шекспировски: „Има нешто труло во Кралството Данска…“Елитизмот, ги носи далеку и од сопственото членство и од гласачкото тело. И сега како по дифолт, ќе му ги истурат на Шиповиќ, сите плуканици и валканици. Цела жолч од себе ќе ја истурат кон него. Само и само затоа што се дрзнал да рече „ЈАС“! Задолжително ќе го наречат криминалец, го поткупиле, го обработиле, итн, итн. Всушност, кога ќе се тргнеш од нив, само ќе увидиш што ти мислеле цело време додека си бил со нив. Какво било нивното мислење за тебе, и едвај чекале нешто да се случи, за да ти ги „истурат компирите“. Но, чудна работа, во нивното плукање во далечина јас гледам само очај и немоќ да се справат со предизвиците. Ние што заминуваме стануваме се посилни и
посилни, а тие се поочајни и поочајни. Што се однесува до Жерновски, нека продолжи да гледа фудбал, нека продолжи да оди на фудбалски натпревари, а Роле ќе му ги држи советниците на купче. Во меѓувреме, нека прати уште некое писмо, за да му пуштам согласност да премине од Општина Капрош во Општина Центар, да премине уште некој од СДСМ-овските митаџии, а неговите од ЛДП нека ја гледаат општината на слика, и нека бидат среќни дека нивниот лидер далеку стасал. Дууури до Латинска Америка.
Целата колумна на: infomax.mk/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници
-
Јакимовски: Откако се одвоив од СДСМ во 2013 година, постојано ми се закануваат со притвори и затвори
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална


