Министерот за здравство, Никола Тодоров, на денешното отворање на Ургентниот центар во ГОБ „8 Септември“ упати благодарност до американската амбасада за изразената цврста поддршка во насока на унапредување на квалитетот на здравствените услуги во нашата држава и додаде дека овој Ургентен центар е приспособен во целост да одговори на потребите на пациентите, со цел подобрување на нивната здравствена состојба.
– Сакам да потенцирам дека за Ургентниот центар е обезбедена опрема со средства од Министерството за здравство, а дел и со сопствени средства на оваа јавна здравствена установа. Опремата која е наменета за операционите сали во рамки на Ургентниот центар опфаќа 3 машини за анестезија со мониторинг, во вредност од 340 илјади евра, 6 анестезиолошки сетови, 5 ларингоскопски сетови во вредност од 47 илјади евра, кои во наредниве денови ќе бидат испорачани и ставени во функција. Покрај тоа, обезбеден е и ХД ендоскопски столб со софтвер за детекција на степенот на оштетување на ‘рскавицата и артроскопски инструменти за ортопедска хирургија, во вкупна вредност од 220 илјади евра (кои дополнително ќе бидат испорачани), како и повеќе машини за миење инструменти, и сервант за аудиолошката амбуланта, кој е во вредност од 100 илјади евра, односно целокупната опрема која ја обезбедуваме за Ургентниот центар чини преку 800 илјади евра – посочи министерот Никола Тодоров.
Министерството за здравство во изминатиот период од неколку години во континуитет инвестира во подобрување на инфраструктурата на градската болница „8 Септември“, зајакнување на целокупните капацитети на оваа установа, а со тоа и унапредување на квалитетот на здравствените услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тригодишно дете вечерва донесено починато на скопската клиника
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Пациенти се жалеле дека долго чекаат, па болничар се решил да им покаже како изгледа вистински итен случај
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата




