| четврток, 6 декември 2018 |

Светскиот патник во атак на рекордната осумка во Русија

Фуд­бал­ски­от за­нес на Дур­гу­тов, кој е по­ра­не­шен но­ви­нар и сопс­тве­ник на спи­са­ни­е­то „Скок“, го од­ве­де на се­дум свет­ски пр­венс­тва во ни­за, а мун­ди­јал­ско­то па­те­шес­твие не­пре­ки­на­то трае од 1990 го­ди­на. Го пре­поз­на­ва­ат во ФИ­ФА и во УЕ­ФА, а со при­сус­тво­то во Бра­зил на 20., ју­би­ле­ен шам­пи­о­нат ве­ли де­ка си го ос­тва­рил со­нот

Ми­јал­че Дур­гу­тов е дол­го­го­ди­шен но­ви­нар во Ма­ке­до­ни­ја и страс­твен вљу­бе­ник и поз­на­вач на фуд­бал­ска­та игра, а ос­тва­ри ре­док под­виг со сед­мо­то при­сус­тво во ни­за на свет­ски­те пр­венс­тва. Иа­ко се­га не е акти­вен во но­ви­нарс­тво­то и ра­бо­ти ка­ко порт­па­рол во Др­жав­ни­от за­вод за ре­ви­зи­ја, аван­ту­ра­та што ја поч­на во 1990 го­ди­на со пат за Ита­ли­ја СП, про­дол­жи и во Бра­зил на што­ту­ку за­вр­ше­ни­от ју­би­ле­ен мун­ди­јал, а им за­ка­жу­ва сред­ба на нај­до­бри­те фуд­ба­ле­ри на пла­не­та­та и во Ру­си­ја за че­ти­ри го­ди­ни. Це­ли 24 ле­та е при­су­тен на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, а за „Ре­пуб­ли­ка“ ги изд­во­ју­ва нај­ин­те­рес­ни­те мо­мен­ти, сред­би, ин­терв­јуа и при­каз­ни од мун­ди­ја­ли­те на кои при­сус­тву­вал.

 

По­че­то­кот на аван­ту­ра­та е во Ита­ли­ја на СП 1990 го­ди­на

Дур­гу­тов: Бла­го­да­ре­ние на Љуп­чо Ни­ко­лов­ски-Фу­фо за­ми­нав на мун­ди­ја­лот во Ита­ли­ја во 1990 го­ди­на. То­гаш поч­на мо­ја­та аван­ту­ра. Мал­ку е да се ка­же де­ка сум фуд­бал­ски вљу­бе­ник, тоа е благ збор. Јас сум бо­лен за фуд­бал. Не­ма си­ла што ќе ме со­пре да не за­ми­нам на Свет­ско пр­венс­тво. Ги отка­жу­вам си­те аранж­ма­ни во тој пер­и­од, а тоа ве­ќе го зна­ат си­те во мо­е­то се­мејс­тво. Не­ма ком­про­мис за таа ра­бо­та. Осо­бе­но по 1990 го­ди­на иа­ко и прет­ход­но мно­гу сле­дев фуд­бал. Тоа ми е пр­во искус­тво, две сед­ми­ци пре­кра­сен фуд­бал. Се се­ќа­вам на нат­пре­ва­рот ме­ѓу Ита­ли­ја и Ар­ген­ти­на во по­лу­фи­на­ле­то, кој се игра­ше во Не­а­пол. То­гаш Ма­ра­до­на на­ста­пу­ва­ше за На­по­ли, но на­ви­ва­чи­те не­маа раз­би­ра­ње и го исвир­ку­ваа цел нат­пре­вар. Има­ше стра­во­тен при­ти­сок, но, се­пак, по­бе­ди Ар­ген­ти­на на пе­на­ли. Го сле­дев и фи­на­ле­то во Рим ко­га Гер­ма­ни­ја ја освои ти­ту­ла­та со го­лот на Ан­дре­ас Бре­ме.

 

Гер­ма­ни­ја е нов свет­ски пр­вак, Бра­зил раз­о­ча­ра

Дур­гу­тов: Не­мав мож­ност да ги гле­дам но­ви­те свет­ски шам­пи­о­ни во жи­во би­деј­ќи та­ка се на­ре­ди­ја коц­ки­те и рас­по­ре­дот на нат­пре­ва­ри­те.

Гер­ман­ци­те ап­со­лут­но зас­лу­же­но ја осво­и­ја ти­ту­ла­та. Играа мо­дер­но, агре­сив­но, дис­цип­ли­ни­ра­но. Не­ка­ко не ми беа оми­ле­ни во ми­на­то­то, се­ка­ко, ко­га ста­ну­ва збор за фуд­ба­лот. Се­ко­гаш нè по­бе­ду­ваа со не­ка­ков чу­ден пре­сврт и на ре­пре­зен­та­ти­вен и на клуп­ски план. Се игра 90 ми­ну­та и Ау­ген­та­лер ќе ви да­де гол, ќе стиг­нат и пред­ност што ли­чи де­ка е не­до­стиж­на, не се пре­да­ва­ат, га­зат сè пред се­бе иа­ко, на­ви­дум, се во без­из­лез­на си­ту­а­ци­ја. И се­га го имаа се­то тоа, фи­зич­ки, ка­ко и се­ко­гаш, оди­граа бес­пре­кор­но, но имаа и шарм во игра­та, не­што што не би­ло нив­на ка­ра­кте­ри­сти­ка во ми­на­то­то. Ин­ду­стри­ски­от фуд­бал го фи­лу­ваа со уба­ви­на во игра­та и ве­ру­вам де­ка ни­кој што ба­рем мал­ку се раз­би­ра во нај­важ­на­та спо­ред­на ра­бо­та на све­тот не­ма за­бе­ле­шки за на­чи­нот на кој ја осво­и­ја ти­ту­ла­та. Кри­стал­но чи­сто и зас­лу­же­но се за­ки­ти­ја со че­твр­ти­от тро­феј, прв за европ­ска се­лек­ци­ја на јуж­но­а­ме­ри­кан­ска поч­ва.

Бра­зил­ци­те чув­ству­ваа де­ка не­ма­ат со­став за свет­ска­та кру­на, ба­рем та­ка мис­леа уште пред шам­пи­о­на­тот и во те­кот на тур­ни­рот обич­ни­те лу­ѓе со кои имав мож­ност да раз­го­ва­рам. Бев во му­зе­јот во Сан­тос, а ку­сто­сот искре­но ми од­го­во­ри де­ка Бра­зил не­ма шан­си да стиг­не до ше­сти­от пе­хар. Слич­но го­во­реа и оста­на­ти­те Бра­зил­ци.

 

Пре­поз­нат­лив лик во ФИ­ФА и во УЕ­ФА

Дур­гу­тов: Имам пре­ку 20 акре­ди­та­ции за свет­ски и за европ­ски пр­венс­тва, се­ка­ко и за нат­пре­ва­ри во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Од 1994 го­ди­на сум на ли­ста­та на ФИ­ФА за акре­ди­та­ции, ко­га прв­пат ка­ко но­ви­нар бев на мун­ди­ја­лот во САД. От­то­гаш ми­наа 20 го­ди­ни, а јас сум ре­до­вен учес­ник на си­те го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ња. И ни­ко­гаш не сум ја зло­у­по­тре­бил до­вер­ба­та на ФИ­ФА и на УЕ­ФА, ка­де што ве­ќе до­бро ме поз­на­ва­ат. Ире­ле­вант­но е во кој ме­ди­ум ра­бо­там. Ќе ви ка­жам еден при­мер за Свет­ско­то пр­венс­тво во Гер­ма­ни­ја во 2006 го­ди­на. За Ма­ке­до­ни­ја има­ше ре­зер­ви­ра­но 6 акре­ди­та­ции и си­те ве­ќе беа по­де­ле­ни по на­ши­те ме­ди­ум­ски ку­ќи. Јас сум сре­ќен ко­га и мо­и­те ко­ле­ги мо­жат да при­сус­тву­ва­ат на го­ле­ми­те фуд­бал­ски на­ста­ни. То­гаш­ни­от порт­па­рол на ФИ­ФА, Ан­дре­ас Хе­рен, без проб­лем ми пра­ти по­ка­на лич­но на мо­ја­та е-адре­са и ус­пе­ав да ја про­дол­жам ни­за­та од при­сус­тво на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња. Не бев са­мо на пос­лед­но­то Европ­ско пр­венс­тво во Укра­и­на и Пол­ска по­ра­ди се­меј­ни при­чи­ни.

 

Sport98-Miljalce-Durgutov-2

 

Во што е спе­ци­фи­ка­та на свет­ски­те пр­венс­тва?

Дур­гу­тов: Не се свет­ски­те пр­венс­тва та­кти­ка­та на се­ле­кто­ри­те и да­ли игра­ле Ма­ра­до­на, Ме­си, Пе­ле, Ро­нал­до. Тоа е важ­но, но за ме­не не е пре­суд­но. Ре­пре­зен­та­ци­и­те игра­ат 90 ми­ну­ти, 64 нат­пре­ва­ри се на про­гра­ма­та и, се­ка­ко, де­ка за тоа се игра мун­ди­ја­лот. Но, мош­не важ­но, што им да­ва по­се­бен шарм на ва­кви­те го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ња е тоа што се слу­чу­ва над­вор од те­ре­ни­те, зад го­ле­ма­та сце­на. При­ме­рот со Бра­зил, со ма­ги­ја­та на Ко­па­ка­ба­на, со фа­ве­ли­те, со стра­ста што ја има­ат „ка­ри­о­ки­те“ за фуд­бал, е не­што што не мо­же да се ви­ди пре­ку те­ле­ви­зи­ски­те пре­но­си. Та­му за­ста­ну­ва бу­квал­но сè ко­га се го­во­ри за фуд­ба­лот. Бев во ед­но ка­фу­ле и со­се­ма слу­чај­но поч­нав раз­го­вор со чо­ве­кот што бе­ше на шан­кот. Го пра­шу­вав за фуд­ба­лот, за шан­си­те на Бра­зил да ја освои ше­ста­та свет­ска кру­на. И бу­квал­но пре­ста­на да ги слу­жи го­сти­те, па со мно­гу тем­пе­ра­мент об­јас­ну­ва­ше за зна­че­ње­то на фуд­ба­лот во оваа зем­ја. Тоа е ре­ли­ги­ја, не­што што не се об­јас­ну­ва со обич­ни збо­ро­ви. Ќе ви ка­жам и за на­ви­вач­ки­те на Ја­мај­ка кои ги за­се­ни­ја си­те на Свет­ско­то пр­венс­тво во Фран­ци­ја во 1998 го­ди­на. Беа тол­ку го­ле­ма атрак­ци­ја што ги фр­ли­ја во сен­ка си­те оста­на­ти фуд­бал­ски еле­мен­ти. И, за жал, тоа не го ви­доа, на при­мер, сим­па­ти­зе­ри­те на фуд­ба­лот во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Не­ре­ше­но, 7-7, со искус­ни­от но­ви­нар­ски волк Ата­нас Ко­стов­ски-Та­ско

Дур­гу­тов: Се гор­де­ам што сум бил на 7 свет­ски пр­венс­тва и се­га сме не­ре­ше­но со еден наш пре­поз­нат­лив ко­мен­та­тор, ка­ков што е Та­ско. Уште пред да за­ми­нам во Бра­зил бев воз­бу­ден на по­се­бен на­чин. Тоа е зем­ја­та ка­де што фуд­ба­лот има по­себ­но зна­че­ње. Стра­ста за оваа игра, ле­ген­дар­на­та „Ма­ра­ка­на“, фуд­бал­ски ико­ни ка­ко Пе­ле, Зи­ко, До­ктор Со­ктра­тес, Дун­га, Ро­нал­до и уште мно­гу свет­ски поз­на­ти игра­чи по­тек­ну­ва­ат от­та­му, од ко­ле­вка­та на фуд­ба­лот. По­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, чиј дел бе­ше и Ма­ке­до­ни­ја, на по­се­бен на­чин е по­вр­за­на со Бра­зил, а јас, се­пак, сум рас­тел во тој пер­и­од. На­ши­от поз­нат играч Ме­то­ди­ја Спа­сов­ски има игра­но на ле­ген­дар­на­та „Ма­ра­ка­на“ пред сто­ти­ци ил­ја­ди гле­да­чи, Пе­ле се про­сти од фуд­ба­лот на нат­пре­вар про­тив Ју­гос­ла­ви­ја. Се­то тоа ка­ко де­те го до­жи­ву­вав на по­се­бен на­чин, се вос­хи­ту­вав, и се­га имав шан­са да би­дам та­му. Во зем­ја­та што ја обо­жу­вам за­ра­ди фуд­ба­лот. И пре­за­до­во­лен сум што ми се ос­тва­ри со­нот да сле­дам мун­ди­јал во Бра­зил.

 

Ка­ра­кте­ри­те на го­ле­ми­те игра­чи и ле­ген­дар­ни се­ле­кто­ри

Дур­гу­тов: Од тие што сум имал кон­такт, нај­нез­го­ден ка­ра­ктер има Луи ван Гал, акту­ел­ни­от се­ле­ктор на Хо­лан­ди­ја. Пред фи­на­ле­то во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те ме­ѓу Ба­ерн и Ин­тер во 2010 го­ди­на во Ма­дрид, на прес-кон­фе­рен­ци­ја на обич­но пра­ша­ње ми од­го­во­ри: „Ако зна­е­те по­до­бро од ме­не да ја во­ди­те еки­па­та, дој­де­те да се сме­ни­ме“.

За раз­ли­ка од не­го, Жо­зе Му­ри­њо бе­ше мно­гу тр­пе­лив. Го пра­шав за Го­ран Пан­дев, да­ли ќе игра од по­че­ток. Ме пра­ша зо­што го пра­шу­вам за Го­ран. Му ре­ков са­мо де­ка сум Ма­ке­до­нец, а тој со нас­ме­вка ми од­го­во­ри де­ка мно­гу го це­ни Го­че и де­ка има ед­на­кви шан­си со кон­ку­рен­ти­те за да стар­ту­ва од по­че­ток во фи­на­ле­то на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те.

Кар­ло Ан­че­ло­ти е ду­ша чо­век. Има тр­пе­ние за цел свет. Да има 100 но­ви­на­ри, ќе ги по­че­ка си­те пра­ша­ња и на си­те ќе им од­го­во­ри. Го­лем чо­век и од­ли­чен стра­тег.

Со Пе­ле не сум имал мож­ност да пра­вам ин­терв­ју ли­це в ли­це, но бев дел од гру­па­та од че­тво­ри­ца но­ви­на­ри на кои им од­го­ва­ра­ше на пра­ша­ња. Му на­пра­вив екск­лу­зив­но ин­терв­ју на сер Бо­би Чарл­тон, по­тоа имав сред­ба со Џан­лу­ка Ви­а­ли, со Фа­био Ка­пе­ло, а из­во­нре­ден впе­ча­ток ми оста­ви по­ра­неш­ни­от се­ле­ктор на Ита­ли­ја, Ен­цо Бе­ар­цот, во раз­го­во­рот што го имав­ме во 1996 го­ди­на. Гос­по­дин чо­век, кре­а­тор на ти­ту­ла­та на „аѕу­ри­те“ во 1982 го­ди­на. Ву­ја­дин Бо­шков го це­нев мно­гу, но, за жал, и тој и Бе­ра­цот по­чи­наа.

Мо­рам да го изд­во­јам Хри­сто Сто­ич­ков. Слу­чај­но во 1994 го­ди­на се по­го­див­ме во ист ави­он на лет од Њу­јорк за Со­фи­ја со бу­гар­ска­та фуд­бал­ска екс­пе­ди­ци­ја што го освои че­твр­то­то ме­сто на мун­ди­ја­лот во САД. Го поз­на­вав од прет­ход­но, а тој бе­ше ви­стин­ски шеф во ре­пре­зен­та­ци­ја­та. Ко­га ме ви­де, зна­е­ше де­ка ќе са­кам ин­терв­ју со не­го. Јас бев пр­ви­от на ко­го му да­де из­ја­ва. Го из­бр­ка со­и­гра­чот што се­де­ше до не­го са­мо за да си по­при­ка­же со ме­не. Јас поч­нав ра­фал­но, а тој ми ре­че: „Аман бе по­ле­ка има­ме вре­ме да раз­го­ва­ра­ме, ле­тот трае де­сет ча­са“. Ми ре­че да на­пи­шам сло­бод­но де­ка „Злат­на­та топ­ка“ ќе би­де не­го­ва. И на­ви­сти­на иста­та го­ди­на ја до­би најз­на­чај­на­та по­е­ди­неч­на на­гра­да во фуд­ба­лот.

 

Ма­ке­до­ни­ја на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње

Дур­гу­тов: Твр­дам де­ка мо­же­ме да се пла­си­ра­ме на Европ­ско или на Свет­ско пр­венс­тво. Во го­ле­ма заб­лу­да се си­те што го не­ги­ра­ат фуд­бал­ски­от ква­ли­тет. Има­ме до­бри игра­чи и та­лен­ти­ра­ни мом­чи­ња, но проб­ле­мот е во ор­га­ни­за­ци­ја­та и во отсус­тво­то на план. Не­ма­ме ре­чи­си ни­ка­ква стра­те­ги­ја што са­ка­ме и во кој пра­вец да се дви­жи­ме. Мо­же­би се­га по­ле­ка се ме­ну­ва­ат ра­бо­ти­те. Мој впе­ча­ток е де­ка сè уште не поч­на­ла ви­стин­ска­та ре­ор­га­ни­за­ци­ја и во клу­бо­ви­те и во фе­де­ра­ци­ја­та. Има­ме фуд­бал­ски екс­пер­ти, ка­дар, ква­ли­тет са­мо тре­ба да се по­ста­ват лу­ѓе­то и ра­бо­ти­те на ви­стин­ско­то ме­сто.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 97. број на неделникот „Република“, 11.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top