Министерството за Надворешни Работи на Република Грција се подготвува за нов територијален спор со еден од своите соседи.
По децениските спорови со Турција за Кипар и со Македонија за името грчкото МНР деновиве подготвило „Нон пејпер“ со кој до сите релевантни страни и медиумите треба да се испратат политичките позиции на владата на Самарас за влезот на Албанија во Европската Унија.
Од „Нон пејперот“ грчката јавност но и албанските државни претставници треба да разберат дека отворањето на преговорите на Албанија е различно од добивање на кандидатски статус односно дека за започнување на пристапни преговори Албанија ќе мора да исполни низа други услови меѓу кои дел директно ќе зависат од Атина.
Советот на Министри на 24 јуни одлучи да се отворат преговори со Албанија по што првиот човек на Европската комисија веднаш побара дополнителни реформи од Тирана.
Инаку, отворањето на преговори на Албанија кое е договорано за време на Грчкото претседателство е директно поврзано со билатералното прашањето меѓу на Грција и Албанија кое сеуште не може да се квалификува како спор но сите навестувања одат кон нов територијален конфликт во кој е вклучена Грција.
За Албанија да стигне до почеток на преговорите мора да бидат исполнети сите критериуми од Копенхаген, меѓу кои за Атина многу важен е и делот што се однеснува на меѓународното поморско право.
Проблемот за кој многу аналитичари сметаат дека може дополнително да го дестабилизира регионот е прашањето за прецизно мапирање на “поморската граница” меѓу двете земји.
Според најавите од Атина за да се спречи нов регионален проблем владата на Еди Рама не треба да бара ревизија на стариот договор по што Атина нема да ја блокира Албанија на патот кон ЕУ.
Во меѓувреме во Брисел Советот на министри на Унијата подготвува нова стратегија за поморска безбедност каде ќе се инсистира на важноста на морски подрачја и на меѓународното поморско право, договорено во приоритетите на Грчкото и Италијанското претседателство. Според сите најави централна фигура во оваа стратегија има Грција и нејзиниот Комесар Марија Даманеки.
Колку за Грција е важен овој дел од европското законодавство и проблематика покажува дека таа секогаш го има Европскиот Комесар за Поморски прашања и рибарство каде во новиот состав на Европската Комисија се очекува следен комесар да биде екс шефицата на дипломатијата Дора Бакојани.
Токму Дора Бакојани и тогашниот нејзин колега Љуљзим Баша во 2009 година во присуство на премиерите Бериша и Караманлис во Тирана беа потписници на спорниот поморски договор, кој во 2010 Уставниот суд на Албанија го поништи, а во 2014 година на барање на МНР на владата на Еди Рама беше отворена истрага за уврдување на повреда на националните интереси при склучување договорот.
Веднаш по потпишувањето на договорот уште пред да биде направена физичка поделба на мапите грчката влада почнала испитувања на потенцијални наоѓалишта на гас и нафта во нејзините нови територијални води.
Во Битка за Албанската нафта која сега е под контрола на Атина се вклучија најголемите светски нафтени компании . Наоѓалиштата на кои Грција работи се на само десетина километри од најпознатите Албански летувалишта во Близина на островот Крф.
Според договорот од 2009 спорната територија на која што се проценува дека има има 4 милијарди барели нафта и повеќе од 1,5 милијарда кубни метри природен гас Албанија практично го поклонила на Грција. Таканаречената ексклузивна економска зона на Албанија, која со спогодбата потпишана од владата на Бериша била подарена Грција бдез никаква надокнада.
Грчката страна досега јавно не ги коментирала пониуштувањето на договорот од страна на Албанскиот уставен суд и најавите на Рама дека мора да има ревизија на договорот но сега со најновата акција на грчката дипломатија станува јасно дека следејќки ги своите дипломатски принципи и економски интереси Грција на процесот на проширување ќе му подари уште еден билатерален спор со соседи кој што наскоро , кога новиот Претседател на ЕК Јункер ќе реши да го одмрзне процесот на прием на нови членки, исто како и спорот за името ќе биде товар за целата Унија. Како што тоа за спорот за името во Дубровник го кажа Меркел.
Покрај спорот со Македонија и Кипарското прашањето, и конфликтот за екслузивните економски зони во Егејот каде што за пронајдената нафта и гас интерес има и Турција, Грција сега влегува во нова авантура во која жртва може да биде Албанија. Ако се следи Европската политика и сите бенефиции што Брисел ги дава на Атина со цел да не падне владата и да се спаси стабилноста на Еврото , најверојатно официјална Тирана или ќе мора да попушти или ќе и се приклучи на Македонија во групата земји со исполнети критериуми и отворени конфликти со Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


