| четврток, 6 декември 2018 |

Припадници на поранешната ОВК ја запалија книгата на Ветон Сурои во знак на револт

Припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) и воени инвалиди од Урошевац во центарот на градот ја запалија книгата „Нозете на змијата“ на писателот Ветон Сурои.

UCK

Книгата е запалена во знак на револт бидејќи во неа ОВК е претставена како непостојна и се оцрнети припадниците на ОВК. Спалувањето на книгата е осудено од Одборот за човекови права и голем број аналитичари и писатели од Косово.

– Прво палат книги, а потоа облекуваат црни кошули, напиша Сурои на Фејсбук, по палењето на неговата книга.

Сурои, кој е еден од потписниците на Договорот од Рамбуе, во книгата пишува дека Хашим Тачи се согласил да го потпише договорот откако американскиот дипломат Џејмс Рубин му ветил дека во Холивуд ќе се снима филм за него.

Во книгата се спомнати и лица кои биле припадници на ОВК, за која Сурои тврди дека е непостојна.

Мировната конференција за Косово почна на 6 февруари 1999 година во дворецот Рамбуе кај Париз, на која учествуваа претставници на српските власти и косовските Албанци, како и претставници на САД, на Русија и на ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top