| четврток, 6 декември 2018 |

Вежба: Спречени терористи кои нападнаа врз караулата во Радожда (фото)

Спречена терористичка група која сакаше да направи дестабилизација на безбедноста во  земјава. Терористите нападнаа инфраструктурен објект  во реонот на Охридското езеро , но воените сили возвратија со хеликоптери, бродови и ги уништија и заробија. Ова е дел од проверка на обученоста на полкот за специјалнин операции (ПСО) и воздухопловната бригада за изведување комбинирани активности на копно, вода и воздух беше цел на денешната методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“, што се одржа во водите на Охридското Езеро кај караулата во Радожда.

На вежбата присуствуваа претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

Фото: Ѓорги Личовски

Според сценариото, терористичка група од соседна земја по воден пат влегува во Република Македонија и сака да се спои со одредни делови на населението во земјава и планира да направи немири. Операцијата наречена „Харпун“ се состоеше од блокирање на терористичката група, односно лоцирање на тероистите и пловен објект со распоредување војници на копно и вода, потоа напад со копнени возила, хеликоптер и со нуркачки тим и на крај предавање на заробените лица на полицијата и контрола на територијата.

– Се раководевме од намерата подобро да се спречи во почетниот период и затоа вежбата се одвиваше на граничната линија на границата на Република Македонија. Ова што го изведувавме денеска е во склад со мисијата на армијата за заштита на територијалниот интегритет, но и при учество на одредени мировни операции, истакна началникот на ГШ на АРМ Котески.

Тој позитивно ги оцени активностите на припадниците на пСО и воздухопловната бригада, што, според него, полкот го потврди мотото „Секаде први, секаде подготвени“.

– Специфичноста на оваа вежба произлегува од потребата за добра координираност во подготовката, организацијата и изведувањето на една вежба од ваков тип. Во вежбата учествуваа копнените сили, воздухопловните сили и припаднците на езерицата на АРМ. Со вежбата сакавме да ја покажеме и координацијата на меѓу АРМ и МВР во случај на уфрлувањее на терористички групи на територијата, односно одредени борбени дејства проследени претходно со специјална војна, појасни Котески.

Овие операции, како што оцени Васко Ѓурчиновски бригаден генерал, командант на полкот за специјални операции, се со многу висок ризик и бараат екстра тренинг и подготовка да се одговори во секој поглед.

– Денеска демонстриравме целокупна оспособеност и комбиниран капацитет за одговор на секаков вид закана со поддршка и содејство на силите на армијата од воздух и од копно, како и на нуркачките единици преку спасување давеник, изјави Ѓурчиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top