| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку тројца загинати во несреќата во московското метрo

Најмалку три лица загинаа, а 95 се повредени денеска кога три вагони во метрото во Москва излетаа од шините, но не се превртија, јави ИТАР-ТАСС. Меѓу повредените, околу педесет лица се во критична состојба, соопштија здравствените власти.

Metro-crash

Во тек е акција на спасувачките екипи за евакуација на патниците од железничката композиција. На местото на инцидентот пристигнале медицински екипи, како и хидраулична техника со која, доколку има потреба, би се извлекувале настраданите од метрото.

– Причина за несреќата е нагло повлекување на сопирачките во делот меѓу метростаниците „Парк на победата“ и „Булеварот Славјански“ – информира руското Министерство за вонредни состојби.

Во близина на метростаницата „Парк на победата“ работат 50 лекарски тима за итна помош, пристигнале и неколку специјални хеликоптери. Соопштено е дека на тој начин се одведени во болница тројца тешкоповредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top