| четврток, 6 декември 2018 |

Трајче Ѓорѓиев награден за најдобро сценско движење на фестивал за пантомима

pantomima

На Првиот Интернационален фестивал на монодрама, пантомима и кабаре, „Златни рис“ во Бања Лука, македонскиот актер Трајче Ѓорѓиев ја освои наградата „Најдобро сценско движење“ („Најбољи покрет“) од стручното жири за неговата претстава „Човекот“.

Манифестација се одржа на 15-ти февруари во мултимедијалната сала „Дом на млади“. Жирито во состав: д-р Милош Шолаја (универзитетски професор), Радован Ковачевиќ (новинар), Миладин Бериќ (драмски писател, сaтиричар, поет), како и публиката присутна на самата претстава (која гласаше само за главната награда).

На Фестивалот биле доделени следниве награди: Главна награда, „Златни рис“ на
Себастиан Саез, Аргентина; награда „Најдобро сценско движење“ (Најбољи покрет) Трајче Ѓорѓиев, Македонија и наградата „Најдобар впечаток“ (Најбољи утирсак) заМирослав Ѓорѓевиќ, Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top