недела, 7 декември 2025 | Вести: 0

Фантастично славје во Буенос Аирес по пласманот на Аргентина во финалето на СП (видео)

Стотици илајди жители на Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, излегоа на улиците за да го прослават пласманот на своите миленици во финалето на Светското првенство во Бразил.
Синоќа Аргентина во полуфиналето беше поуспешна од Холандија по изведувањето пенали, во кои јунак беше аргентискиот голман Серхио Ромеро, кој успеа да ги скроти ударите на Влар и на Снајдер.
Големо задоволство се чувствува кај аргентинските граѓани бидејќи тие се пласираа во финалето, а најголемиот нивен ривал, домаќинот Бразил испадна во полуфиналето од Германија.

Top