| четврток, 6 декември 2018 |

Тајна средба: Како тензиите да се зголемат, а опозицијата од тоа да собере поени

Protesti monstrum (4) (Custom)

Неформална средба која се случила пред неколку дена помеѓу новинарот и уредник Ацо Кабранов, првиот човек на Институт Отворено Општество Владимир Милчин, професорот Љубомир Фрчковски заедно со член на раководството на СДСМ близок до лидерот Зоран Заев.

Неофицијално, на средбата се зборувало за можноста да се извлече политички бенефит од насилните протести и револтот кај дел од албанското население по пресудата за случајот „Монструм“. Заклучокот бил дека енергијата треба да се насочи кон стимулирање на етнички и религиозни тензии кои би се врзале со предизвикување на незадоволство насочено кон главните актери на власта и би им донеле негативни политички поени.

Во реализирање на договореното било решено да се вклучат медиумите, платените експерти блиски до СДСМ, невладините организации, при што Милчин на располагање ја ставил и полугата на албански медиуми кои се финансирани од СОРОС, како и Албанци интелектуалци кои се на платниот список на оваа организација. Задачата е да се креира тензија и етничка нетрпеливост.

Било договорено СДСМ како партија што е можно повеќе официјално да се држи настрана од таквите случувања и да се воздржи од јавни коментари кои би дошле од членовите на потесното раководство, но за сметка на тоа сите расположливи ресурси да ги стави на располагање на планот за креирање на тензии. СДСМ навистина молчи.

Фрчковски веќе посвети колумна посветена на наводното ограничување на слободи права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top