| четврток, 6 декември 2018 |

Америка не дозволува внесување исклучени мобилни телефони во авионите

mobilen

САД донесоа одлука да не дозволат внесување исклучени мобилни телефони во американските авиони, од некои аеродроми во Европа, Блискиот Исток и Африка, откако властите изразија загриженост дека Ал каеда произвела нови видови бомби.

Американски безбедносни претставници изразија стравување дека творците на бомби од јеменскиот огранок на Ал каеда на Арапскиот полуостров, смислиле како да ги претворат мобилните телефони во експлозивни направи и да избегнат детектирање на аеродромите.

Властите ги издвоија смартфоните – „Ајфон“ на компанијата „Епл“ и „Галакси“ телефоните на компанијата „Самсунг електроникс“ кои ќе бидат предмет на дополнителни безбедносни проверки на директните летови кон САД од Европа, Блискиот Исток и Африка.

Истите извори додадоа дека и други електронски апарати кои ќе ги внесат патниците во авионите, би можеле да бидат предмет на „интензивен надѕор“ и дека од патниците може да биде побарано да ги вклучат лап топите, ајподовите, таблет компјутерите и електронските читачи на книги „киндл“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top