
Градоначалникот на Струмица и потпретседател на СДСМ Зоран Заев објави фотографија на фан страницата на „Фејсбук“ со порака„Струмица за Заев!!!“. Под фотографијата следеа коментари од неговите фанови за поддршка да се кандидира: „Зоран Заев и наредните четири години ќе биде градоначалник на Струмица“, „Браво моментално немаш конкуренција“, „Ќе се кандидира. Струмица со Заев, а ако не се кандидира тоа ќе биде големата загуба за градот.“
Тој пред неколку дена тој излезе со пакет мерки упатени до власта за да и се овозможи на опозицијата да учествува на локалните избори, меѓукои бараше и пролонгирање на рокот за доставување на кандидиатури и одлагање на изборите. Денеска Собранието усвои измени на Изборниот законик со кои рокот за поднесување кандидатури се пролонгира до 3 март.
По изгласувањето на измените, од СДСМ соопштија дека и натаму остануваат на ставот за бојкот, но за вечерва најавен е состанок на Централниот одбор кој ќе дискутира за новонастанатата состојба со законските измени, и ќе одлучи дали останува на ставот за неучество на избори или ќе учествува.
“Република“ во неколку продолженија информираше за несогалсувањата на Заев со лидерот Бранко Црвенковски околу одлуката за неучество на избори. Заев, според нашите избори, бил да не се бојкотира градоначалничата трка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



